Сончево и топло време со пораст на дневната температура ќе преовладува уште два дена, а од среда се очекува зголемување на облачноста.
Под влијание на нов влажен бран во четврток се најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе преовладува сончево и ведро време со ниски утрински температури кои ќе се движат од -6 до -1 степен.
Дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 19 степени.