Од јуни можеме да патуваме во Србија без тест за КОРОНА
Ана Брнабиќ, Премиерката на Србија за медиумите рече дека ќе се обидат што е можно повеќе да го либерализираат влезот во Србија. Ова со цел да закрепне економијата која е во сериозен застој поради епидемијата на КОРОНА ВИРУСОТ.
На сила Од 1-ви јуни стапува либерализираниот режим на граничните премини со Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Тоа значи дека на граѓаните на овие земји нема да им се бара негативен тест на новиот коронавирус.
„на сила тие ќе можат да влегуваат во Србија како и порано“, изјави Брнабиќ. За другите земји останува на сила задолжителното тестирање, односно доставување на негативен „ПЦР“ тест на Ковид-19 за влез во земјата.