Од 1 јули започнува примена на Законот за поврат на дел од платеното ДДВ на граѓаните

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за поврат на дел од платеното ДДВ на граѓаните.
Веќе од идната недела започнува реализација на оваа значајна мерка, граѓаните за првпат од државата ќе добиваат 15 отсто од платеното ДДВ.
Со тоа секое семејство на крајот на годината ќе добие дополнителен приход, годишно кај граѓаните ќе се враќаат околу 50 милиони евра.
Зборот важи. Обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, развој и повеќе пари во секое семејство.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.