Од 1 јуни ќе започне уписот на децата во прво одделение

Уписот на првачиња ќе започне на 1 јуни во сите основни училишта во земјава. Поради ситуацијата со вирусот корона, уписот ќе се изврши во однапред одредено време од страна на училиштата. Во основното училиште „Лиман Каба“ во село Љуботен, веќе се испечатени покани со распоред за упис што ќе им се дадат на следните 50 првачиња.
„Во поканите, покрај претходните години, сме го навеле и часот. Секој ден планираме да регистрираме по пет деца, а терминот е напишан на поканата. Нормално дека ќе има и мерки за заштита засновани врз Министерството за образование и Здравство“, рече Ајфер Дибрани, директорка на ОУ „Лиман Каба“ С. Љуботен.


Во многу училишта во градот, распоредот за упис на ученици од основно училиште е поставен на Интернет и ќе важи до 29.05. Вкупно 189 ученици се очекува да се запишат во училиштето „Јашар беј Шкупи“, 135 од Општина Чаир и 54 во Општина Центар.
„Родителот доаѓа со детето во нашето училиште, и го прави уписот. Имаме 15 минути со психолог, петагог и наставник што ги имаме на комисија. Досега, имаме 12 родители кои направиле термини во нашето училиште“, рече Рахим Максути, директор на „Јашар беј Шкупи“.
Потребните документи за упис на деца во прво одделение се: извод од матична книга на родените, потврда за примање вакцини и уверение за стоматолошки прегледи. Пријавувањето во прво одделение е задолжително за деца кои до крајот на 2020 година наполниле шест години, односно за сите деца родени во 2014 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.