Од 2015 година бебињата ќе можат да имаат и по 3 родители

Одобрен е нов генетски третман, првото бебе од три родители ќе се роди во 2015 година.
Контроверзната генетска постапка доби зелено светло, а најверојатно Велика Британија ќе биде првата земја која ќе одобри создавање на бебе од три различни гена и покрај критиките дека ова може да доведе до „бебе по нарачка“.
Нацрт законот за оваа постапка ќе биде објавен на крајот од оваа година, а ќе промовира техники со кои и жените со тешки наследни болести ќе имаат можност да родат здраво дете. Се работи за техника која вклучува замена на оштетени ДНК клетки во јајце клетките на мајката, со здрави клетки од донор мајка. На тој начин новороденото бебе би имало две мајки и еден татко.
Тоа ќе биде првиот пат да се замени наследен материјал од мајка, што спрема критичарите означува пресвртна точка по етички прашања поврзани со таканареченото „бебе од епрувета“. Како и да е, научниците велат дека замената нема да влијае на основната ДНК која го одредува изгледот на личноста како индивидуа, како што се цртите на лицето или бојата на очите.
Научниците проценуваат дека помеѓу 5 и 10 здрави бебиња со три родители ќе можат да се родат на годишно ниво. Во тој случај, здравото бебе ќе ја наследи неуклеинската ДНК од родителите и митохондринската од донорот.
Други нови техники пак, зборуваат за замена на оштетените „батерии“ во клетките за елиминирање на можностите за јавување на сериозни болести кај децата.  Одобрен е нов генетски третман, првото бебе од три родители ќе се роди во 2015 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: