петок, 27 ноември 2026
Најново

Од 22:00 до 06:00 часот, фрлањето отпад во контејнери ќе биде забрането во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На граѓаните на Скопјани ќе им биде забрането да фрлаат отпад во контејнери од 22:00 до 6:00 часот наутро.

Непочитувањето на ова правило ќе резултира со казна од 50 евра.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според властите, со оваа забрана, контејнерите ќе се празнат поефикасно и околу нив нема да се создаваат депонии.

„Ја имам видено оваа практика во Истанбул, каде што беше дозволено да се фрла отпад само 15 минути пред 5 часот наутро. И во Токио, за секој камион што собира различни видови отпад има одреден распоред за тоа кога се изнесува и кога се собира. Се надевам дека оваа практика ќе се подобри уште повеќе кога ќе се постават различни контејнери за селекција“, изјави Даме Димитровски, претседател на Градскиот совет на Градот Скопјe.

На оваа одлука се спротивстави партијата „Левица“, која го нарече предлогот скандалозен.

Поврзани вести