Оклахома блиску до првата позиција

Три натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, во дербито Оклахома забележа победа над Сан Антонио.Оклахома го совлада Сан Антонио со 100:88, со што внесе неизвесност во борбата за првата позиција во Западната конференција. Сан Антонио во моментов е прв на западот со скор 56-20, додека Оклахома е веднаш зад него со скор 55-20.Тандемот Расел Вестбрук и Кевин Дурент во победата на Оклахома искомбинира 52 поени, 13 асистенции и 16 скокови. Вестбрук мечот го заврши со 27 поени и по седум скока и асистенции, додека Дурент имаше учинок од 25 поени, девет скока и шест асистенции. Тим Данкан и Кавај Леонард со по 24 поени се истакнаа кај Сан Антонио, екипа која загуби на три од последните четири средби.Денвер во драматичен меч го совлада Далас со 95:94 и го елиминира од борбата за осмото место на западот. Денвер ја забележа 19-та последовна победа на домашен терен, која мина во знак на повредата на Данило Галинари.Италијанскиот репрезентативец ги повреди вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната заврши.Победата на Денвер му ја донесе Андре Игудала со поени кои ги постигна на две секунди до крајот на натпреварот, најефикасни кај победникот беа Кори Бруер со 23 и Андре Милер со 22 поени, додека Кенет Фарид имаше учинок од 12 поени, 19 скокови и четири блокади. Кај Далас шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Брендон Рајт со 16 поени.Чикаго забележа победа над Бруклин со 92:90, најмногу благодарение на Карлос Бузер, центарот на Булс мечот го заврши со 29 поени и 18 скокови. Кај Бруклин се истакна Дерон Вилијамс со 30 поени и 10 асистенции.
МакфаксТри натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, во дербито Оклахома забележа победа над

Пронајдете не на следниве мрежи: