На грчкиот полуостров Халкидики во северна Грција околу пладне е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.
Како што пренесува грчката агенција АНА, според податоците на сеизмолошката станица на Аристотелскиот универзитет во Солун, епицентарот на потресот бил на 10 километри западно и северозападно од градот Арна. Поради малата длабочина на која бил земјотресот се почувствувал во близината на Солун.