Околу 28 милиони евра за над 350 илјади корисници од државните пари

Од вчера напладне граѓаните на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk имаат на увид дали ќе добијат домашна платежна картичка за купување на домашни производи. Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека на списокот се 350 илјади корисници, на чии картички ќе легнат вкупно 27,8 милиони евра.

Граѓани со низок доход од нив се 113.927, приматели на социјална помош и активни баратели на работа. За оваа група следуваат картички со 9.000. Втората група ја сочинуваат 117.144 вработени чии месечни нето плати и додатоци не надминуваат 15.000 денари. За нив се издадени картички со 3.000 денари. Картички со иста сума ќе добијат 87.014 средношколци и студенти на возраст од 16 до 29 години.

Награда од 40 проценти во висина на последната нето плата што ја примиле на картичките ќе добијат здравствените работници ангажирани во справување со ковид-19.

– Со овие средства ќе се поддржат загрозените категории на граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност.

Со овва се придонесува за ревитализирање на македонската економија во услови на ковид-19, истакна министерката Ангеловска и додаде дека со користењето на картичките за краток временски период ќе се инјектираат висок износ на средства во трговијата на мало и услужната дејност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.