Околу 30 проценти од американците веруваат дека Бил Гејтс се подготвува да ги микрочипира луѓето

Некои теоретичари на заговор дури и одат дотаму што велат дека тој планира да искорени 15% од светската популација со вакцината. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс никогаш не предложила или финансирала истражување за развој на вакцина – за „Ковид-19“ или на друг начин – што вклучува инекција на уред за следење.

Сепак добротворната фондација финансираше пилот-студијата, спроведена од МИТ и Универзитетот Рајс, за уред за вакцинирање што може „да остави невидлив белег кој може да се открие од паметен телефон“, тоа наводно било целосно теоретски и немало да може да следи или да собира порадоци за вакцинираниот.

Теоријата на заговор, која се здоби со значителна сила на Интернет, ја наведува оваа студија во комбинација со друг концепт на Гејтс, активното истражување наречено „дигитален идентитет“, што може да вклучува чување на медицински досиеја на лицето и документи за лична идентификација.

Мајкрософт објави (и избриша) реклама со окултистката – Марина Абрамовиќ (прв дел)

Роберт Ф. Кенеди јуниор, критичар за вакцинирањето, помогна да се популаризираат непоткрепени тврдења дека вакцините можат да предизвикаат аутизам, рече дека работата на Гејтс му дава „диктаторска контрола врз глобалната здравствена политика“. Роџер Стоун, поранешен советник на претседателот Доналд Трамп, отиде понатаму на радио-шоу во Њујорк, велејќи дека Гејтс „и другите глобалисти“ го користат коронавирусот „за задолжителни вакцинации и микрочипирање луѓе“.

Иако можеби е лесно да се денунцираат оние што веруваат во оваа теорија на заговор, таквото распространето прифаќање би можело да има опасни последици. И се чини дека групацијата околу Бил Гејтс започнала да се плаши за себе и него.

Истражувањето за процентите е поврзано со ливералните медиуми и не може да биде проверено дали е вистинито. Истото ги потенцира демократите како „паметни“ дека не веруваат. Истовремено ги отсликува “републиканците“ во спротивно светло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.