За шест дена на прославата на Сонгкран, тајландската Нова година, во 2.581 сообраќајна несреќа во Тајланд загинале 285 луѓе а 2.783 се повредни, се наведува во соопштението од локалниот центар за превенција од катастрофи при министерството за внатрешни работи на Тајланд, во чиј извештај од понеделникот беше наведен податокот за 218 жртви во сообраќајките.Повеќе од една третина, или 34 отсто, од сообраќајните несреќи регистрирани на Тајланд во овој период се поврзани со возење во алкохолизирана состојба, најмалку 20 проценти од трагичните несреќи се поради неносење шлемови кај мотоциклистите, а повеќето од другите несреќи се поврзани со пречекорување на дозволената максимална брзина, се вели во соопштението.Остриот пораст на фаталните сообраќајни несреќи ноќта кон средата се објаснува со фактот дека милиони луѓе се враќаат назад во главниот град Бангкок на првиот работен дена, откако поради новогодишните празници на крајот од минатата седмица заминаа на продолжен викенд.„Опасната седмица“ при традиционалното одбележување на тајландската Нова година во април, обично ги надминува сите други празници во годината според бројот фатални несреќи и други инциденти. Официјално, првиот работен ден по Сонгкран е 17-ти април, но во многу провинции и во престолнината Бангкок прославата неофицијално продолжува до 20-ти април.
МакфаксЗа шест дена на прославата на Сонгкран, тајландската Нова година, во 2.581 сообраќајна несреќа во Тајланд загинале 285