Околу 35 илјади полицајци ќе ги обезбедуваат изборите во Бугарија

Околу 35 илјади ќе бидат ангажирани за обезбедување на изборниот процес во Бугарија во двата дена на 12-ти и 13-ти мај, кога ќе се одржуваат предвремените парламентарни избори пренесува агенцијата Фокус повикувајќи се на директорот на Националната полиција, Ангел Антонов.

 Антонов прецизирал дека припадниците на полицијата ќе пополнуваат за тоа дали се поврзани по роднински или други линии со претседателите на изборните комисии, со пратениците од регионите или со други политички личности.
Ваквите мерки се преземаат со цел да се избегне нарушувањето на изборниот процес, а на 25-ти април бугарското министерство за внатрешни работи ќе отвори директна телефонска линија за пријавување нарушувања на изборниот процес.
Претходно Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека ќе испрати 200 набљудувачи да ги проследат предвремените парламентарни избори во Бугарија, повикувајќи се на можноста за купување на гласови и општествено незадоволство.
Купувањето на гласови, притисоци врз гласачите и закани, веќе беа регистрирани на парламентарните избори во 2009 година и на локалните и претседателските избори во 2011 година, а остануваат главен проблем, посочуваат од ОБСЕ.
Протестите против монополите, лошото управување, корупцијата, ниските примања и политичките елити, кои од пред два месеца беа постојани во Бугарија, ја принудија владата на Бојко Борисов комплетно да си поднесе оставка на 20-ти февруари, по што претседателот Росен Плевнелиев го закажа одржувањето на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти мај коишто ќе ги организира техничката влада предводена од дипломатот од кариер Марин Рајков, кој беше номиниран од претседателот Плевнелиев.
Макфакс
Околу 35 илјади ќе бидат ангажирани за обезбедување на изборниот процес во Бугарија во двата дена на 12-ти и 13-ти мај

Пронајдете не на следниве мрежи: