Олеснете го варењето со овие напитоци

Доколку имате проблеми со варењето, пробајте некој од овие напитоци:
1. Чај од нане
Нането ја подобрува работата на дигестивниот систем и му помага на организмот подобро да ги свари мастите, што ја намалува надуеноста на стомакот. Навечер сварете нане, оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер преку ноќта. Наутро освежете се со ладен чај со додаток на сок од лимон или портокал.
2. Фрапе од ананас
Ставете ананас во блендер, додадете малку ладна вода и ќе добиете одличен напиток за борба против мастите. Ако на тоа му додадете и лажичка ленено семе, ќе ја направите вистинската работа за вашиот организам. Лененото семе содржи здрави масни киселини кои помагаат во согорувањето на мастите. Самиот ананас содржи бромелан, ензим кој ги разложува протеините, па така помага во варењето на храната и ја отстранува надуеноста.


3. Зелен чај
Една шоња зелен чај дневно ќе ве снабди со потребните антиоксиданти и ќе го поттикне матаболизмот. Зелениот чај е одличен за потрошувачката на калории, како и за зголемување на вкупното ниво на енергија и отстранување на апетитот. Една лажица зелен чај прелијте ја со врела вода, но не зовриена. По пет минути процедете и испијте го чајот.
4. Напиток од ѓумбир и лимон
Во половина литар вода сварете 3-4 парчиња ѓумбир околу пет минути, оставете да се олади на собна температура, а потоа додадете сок од половина лимон.
5. Шејк од ананас и ѓумбир
Во блендер ставете една шоља исецкан свеж ананас, една лажица свеш изрендан ѓумбир и половина шоља јогурт и убаво измешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.