Олигархијата го руши Ковачевски: Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од говорница го нарече Кочо Анѓушев величина

Критикувајќи го данокот на солидарност кои поголемите успешни фирми треба да го плаќаат на државата со цел да се наполни буџетот во услови на криза, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски го бранеше поранешниот министер на СДСМ, Кочо Анѓушев, но и неколкумина олигарси кои соогласно информациите на Инфомакс веќе подолг период работат на рушење на Владата на Ковачевски.

Јавноста подолго време се прашува зошто ниту Мицкоски ниту било кој од врвот на партијата не го споменува името на Анѓушев кога говори за модуларната болница?
Олигархијата го руши Ковачевски: Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од говорница го нарече Кочо Анѓушев величина

-Во Стопанската Комора членуваат фактори кои што треба да го наполнат буџетот, а сите останати во Македонија да функционираат нормално благодарение на нивната економска активност. Од тој клуб 100 од Стопанската Комора испратија едно писмо каде што прецизно ви наведуваат зошто не треба ова да се примени и која ќе биде штетата во иднина. И тука се потпишани гиганти, тука е потпишан како претседател Бранко Азевски, тука е потпишан како претседател Хари Костов сите го знаете поранешен премиер на Македонија, тука е Андреја Јосифовски оној кој што сега го зафркавате за 30-тина милиони евра на кој сега му барате рекет 20-30 посто за да ги исплати државата, газдата на Макпетрол. Тука е Живко Мукаетов, Живко Мукаетов е величина во економијата во Македонија, тука е Илија Гечев можеби најбојатиот Македонец и тука е професор доктор Кочо Анѓушев поранешен министер во Владата на Република Македонија. И сега вие ги игнорирате барањата на оваа петка за сметка на тоа што не можете да ги исполните проекциите на буџетот и она што сте сметале дека ќе го исполните, изјави Здравковски.

Ваквиот настап на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги потврдува наводите за блискоста на Анѓушев со Христијан Мицкоски. Врската помеѓу екс-вицепремиерот за економски прашања и сопственик на компанијата „Брако“ Кочо Анѓушев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски датира уште од студентските денови на Мицкоски. Поточно, пријателството зачнува уште кога Иван Мицкоски, татко на Христијан, како редовен професор му беше ментор и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за неговата докторска дисертација, а Кочо Анѓушев пак е ментор за докторската дисертација на Христијан Мицкоски. А неодамна Инфомакс пишуваше дека Дека Анѓушев и Мицкоски имаат и добри бизнис релации имајќи во предвид дека во новиот градоначалнички мандат на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ од општините се испумпани неверојатни 389.943.936 милиони денари на компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“, чиј довчерашен сопственик беше токму Кочо Анѓушев.

Но она што е најбитно е што токму овој говор на Здравковски е потврда создавањето на политичко-економски хибриден центар кој треба да ја сруши Владата на Димитар Ковачевски и да обезбеди амнестија за македонската олигархија која е на мета за отстрел на западните центри на моќ кои очигледно еднаш за секогаш сакаат да завршат со овие луѓе кои повеќе од 30 години ја држат во заложништво цела држава и македонскиот народ.

– „Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери – сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или констатација дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го уриваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница. И се согласија да создадат национален центар за да се запре овој процес, или како што тие го нарекуваат – албанизација на државата. И во нивната анализа – ова се кредибилни индикации – ДУИ го поврзуваат како парадигма или синоним на етничката еднаквост и позицијата на Албанците“, објасни Османи на ТВ 21.

Како што објави Инфомакс, средбата за која говори министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи е одржана во домот на екс-вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а на која присутни биле сопственикот на ИГМ Кавадарци Илија Гечев, извршниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, извршниот директор на „Макпетрол“ Андреа Јосифовски и неколкумина други, меѓу кои најважно, Христијан Мицкоски кои ветува политичка заштита доколку седне во премиерската фотелја.

Над главата на Анѓушев во моментов се наоѓа дамокловиот меч околу случувањата со тетовската модуларна болница која во целост е во изведба на фирмата која е во сопственост на Анѓушев, Брако. Многу веројатно Анѓушев дава поддршката на Мицкоски за никогаш да не биде покренато обвинение против него за 14-те лица кои живи изгореа поради алчноста на неколкумина.

Јавноста подолго време се прашува зошто ниту Мицкоски ниту било кој од врвот на партијата не го споменува името на Анѓушев кога говори за модуларната болница?

Зошто во нивните пресови и соопштенија никаде не се споменува Анѓушев?

Како биле градени модуларните болници низ Македонија, од кои и тетовската која изгоре до темел сосе 14 пациенти, истражуваше ИРЛ. Документарецот го опфаќа спроведувањето на тендерот од Министерството за локална самоуправа, кое поради неправилности го поништува. Го следи објавувањето на нов тендер со иста спеицифкација од Министерството за здравство, но и лицето кое ја правело техничката спецификација. Таа по заминувањето на Венко Филипче од министерството за здравство, дава отказ и се вработува во компанијата на Анѓушев, Брако.

ИРЛ открива за потпишан анекс на договор кој не бил објавен во Системот за јавни набавки. Свиркачи им даваат документи на новинарите, меѓу кои се и трите вештачења за предметот. Тоа значи дека го имале и најважното – германско вештачење.

Според ИРЛ, во модуларната болница не биле вградени соодветни кабли и приклучоци. Додаваат дека немало ниту елаборат за електричната енергија која била спроведена во конкретната изгорена градба во Тетово. Од прилогот се гледа како во моментот на пожарот имало се уште струја во разводната табла, што им укажува дека и покрај големиот пожар – осигурачите не се спуштиле. Експерт кој го говори во документарецот, посочува, дека ако осигурачите на време се исклучеле кога настанал спојот во продолжниот кабел, можело да не дојде до пожарот.

Дел од модуларните болници, меѓу кои и изгорената во Тетово ги изгради компанијата „Брако“ на Кочо Анѓушев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.