Олимпијакос и Антиќ против Ефес во четвртфиналето

Актуелниот европски кошаркарски првак Олимпијакос, чии дрес го носи Перо Антиќ, од втората позиција во Ф групата се пласира во четвртфиналето, во Евролигата.Олимпијакос во последното коло го победи Химки со 79:70 и го елиминира рускиот тим од четвртфиналето, а до второто место стигна благодарение на поразот на Макаби во Барселона од 71:74. Македонскиот репрезентативец во победата на својот тим партиципираше со два поени и четири скока за 12 минути колку што мина на паркетот.Противник на Олимпијакос во борбата за завршниот турнир ќе биде турскиот Анадолу Ефес, останатите двојки се следни: Барселона-Панатинаикос, ЦСКА Москва-Каха Лаборал и Реал Мадрид-Макаби.Четвртфиналните пресметки ќе се играат во периодот од 9. до 25.април, а пласман на завршниот турнир ќе изборат екипите кои први ќе стигнат до три победи.
МакфаксАктуелниот европски кошаркарски првак Олимпијакос, чии дрес го носи Перо Антиќ, од втората позиција во Ф групата се пл

Пронајдете не на следниве мрежи: