„Оловна река“ – Детален временски редослед на хаваријата во Тораница

Хаваријата во рудникот Тораница се случила во 6 часот и 21 минута, а од Булмак била пријавена дури во 10.30 часот. Први загадувањето го виделе рибарите од локалното риболовно друштво Мрена, кои веднаш земале мостри од водата, а во 13 часот на терен излегува инспекторот од Општина Крива Паланка, бидејќи инспекторите од ДИЖС не биле во можност да излезат на терен, објаснуваат од ИРЛ.

Анализа на загаденоста на водата направија општината, рибарите и самиот концесионер „Булмак 2016“, но не и Државниот инспекторат за животна средина, чија обврска е токму тоа.

Резултатите не можат да се споредат бидејќи сите примероци биле земани од различни локации и во различно време. Се испитувало присуство на различни супстанции.

Но, сите анализи водата ја категоризирале како петта категорија што значи многу загадена и оти не смее да се употребува за ниту една намена. Концентрацијата на штетни супстанции ги надмина дозволените нивоа на токсичност за водниот свет.

Освен општината, чии анализи покажаа десетици пати поголемо присуство на цијанид и олово, резултатите на риболовците кои зеле мостри од две места дента кога се случила хаваријата, исто така покажаа енормно загадување.

Првата мостра била земена кај селото Узем, односно под мостот што се наоѓа на околу половина километар од јаловиштето на Тораница. Овие резултати покажуваат 22 пати поголемо присуство на кадмиум од дозволеното. Тој е исклучително отровен метал, рангиран во првата група најканцерогени супстанции. Освен тоа, имало и зголемена концентрација на манган и олово. Но, во нивните испитувања не се испитувало присуство на цијанид.

Втората мостра на риболовното друштво „Мрена“ била земена од селото Жедилово. Од неа се мерела матноста на водата и суспендираните материи. Двете категории се неколку десетици пати повисоки од граничните вредности.

Целиот текст прочитајте го на ИРЛ

Пронајдете не на следниве мрежи: