ОМД го поздравува претседавањето со ОБСЕ

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечкиот глас за Македонците ширум светот, го поздравува преземањето на претседавништвото на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Фокусот на Македонија ќе бидат „потребите на луѓето“ и „поддршката на одржливиот економски раст и еколошката соработка, кои се од суштинско значење за човековата безбедност и од витално значење во стремежот за мир и просперитет за луѓето во регионот на ОБСЕ“, се вели во соопштението за Медиумите објавено на 1ви јануари 2023 година.

ОМД верува дека ова е можност за зајакнување на човековите права на Македонците во Албанија, Бугарија и Грција – сите членки на ОБСЕ. Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, треба и може да одигра клучна улога во унапредувањето на овие права.

Додека Албанија признава македонско малцинство, тоа го прави само во регионот на Преспанското Езеро. Треба многу повеќе да се направи за да се даде целосен и рамноправен статус на македонското малцинство во областите Гора и Голо Брдо во Албанија.

Бугарија и Грција не признаваат етнички македонски идентитет и институционално ги дискриминираат македонските малцинства во овие две земји повеќе од еден век. Македонците немаат пристап до образование на својот јазик, не можат слободно да ја практикуваат својата македонска православна вероисповед и постојано се на удар на неонацистичките групи кои дејствуваат во овие две земји.

Безбедноста на Југоисточна Европа е од најголем приоритет за ОМД. Без македонската еднаквост и човекови права нема безбедност. Оваа проблематика е уште поважна за Македонија сега од било кога, со оглед на руската војна против Украина.

ОМД е задоволна што одржливиот економски раст и соработката за животната средина се приоритети. Македонија е земја што има една од најниската застапеност на странски директни инвестиции во Југоисточна Европа. Нејзиниот главен град Скопје и другите градови, како Тетово, редовно се наоѓаат на топ 10-те најзагадени градови во светот.

Како граѓанска организација партнер на ОБСЕ, ОМД и нејзината мрежа се подготвени да помогнат во справувањето со овие предизвици за подобрување на сите македонски граѓани и македонскиот народ.


Пронајдете не на следниве мрежи: