Омилениот ручек на Јелена и Тара Ѓоковиќ: какво смути пие ќерката на Ноле?

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, често знае да ги споделува нејзините здрави оброци со своите следбеници на Инстаграм.
Иако ретко можеме да ги видиме лицата на нивните дечиња Тара и Стефан, таа вчера сподели што ручаа заедно со ќеркичката.


Тара одбрала смути познато како Сина Месечина или оригинално Blue Moon. Состојките се ананас, банана, сина спирулина и кокосово млеко.

Со мама Јелена потоа си поделиле и бурито – едно од омилените на малата Тара и салата со киноа и авокадо.


Семејството Ѓоковиќ е во моментов во Марбеља, Шпанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: