Она што го прави сопругот на Хелена Роза во кујна, не можат ни некои домаќинки

Во време на пандемија и непостоечки социјален живот, Инстаграм и Фејсбук овозможија кај секого да ѕирнеме нешто повеќе од приватноста.
Според некои домашната изолација прави чуда, па дури и најблиските може да се изненадат еден од друг.
Хелена Роза на Фејсбук објави дека нејзиниот сопруг Игор станал главен во кујната и тоа не само да спреми лесни работи како салата, јајца или да свари кафе, туку ни повеќе ни помалку, Игор меси тесто и прави перфектни банички.


Гордата сопруга мораше истото да го документира и да се пофали дека нејзиниот сопруг е најдобар, а се гледа и од резултатот од сработеното.


Коментарите не стивнуваа, а се огласи и Игор кој побара предлог за следен рецепт, да го направи додека е загреан.


Не за џабе е речено дека мажите се најдобри во кујна, само кој да им докаже -еве им пример!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.