Двете сестри, Блерта и Блерина, едната во четврто одделение, а другата во шесто одделение, речиси не посетувале ниеден ден настава преку Интернет. Тешката финансиска состојба ги останви овие две сестри без образование. Додека другарите им следат онлајн настава, двете сестри импровизираат настава меѓусебно и си помагаат една на друга, и го чекаат материјалот ветен од Министерството за образование.
„Дали следевте настава? Не! Тогаш, кога не следевте, дали ви донесоа училишен материјал дома, за да ви покажат што треба да научите? -Не. Од каде дознавате кои лекции треба да ги научите? Од другарките.
„ Не можам да следам настава бидејќи мрежата не чини и имам расипан телефон. Сакам да се вратам на училиште што побрзо, затоа што немам услови да учам преку Интернет.
Без онлајн настава има и многу средношколци.
„Не следев редовно, нема ред, освен последните две недели што ги имам сите лекции. Не можам да ги научам сите лекции за две недели. Поради тие лекции, ми ставиле оценки како што сакале самите.
И покрај постојаните проблеми со учењето на далечина, од Министерството за образование повторија дека бројот на ученици вклучени во учење на далечина е околу 90%.
Извор: Alsat.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.