Опасна болест се шири меѓу оние што пушат електронски цигари – ситуацијата и во Македонија е повеќе од загрижувачка

Од што наеднаш почнаа сериозно да се разболуваат луѓето што пушат електронски цигари?
Ширум Америка забележени се неколку илјади случаи на мистериозна болест на градите, кои докторите ја поврзуваат со користење на електронските цигари.
Оваа појава во главно е забележана кај тинејџери и помлади лица. Од овие лица кај кои беше утврдена оваа болест од страна на здравствените институции речиси 40 случаи завршија трагично, односно лицата ги изгубија своите животи.
Центарот за контрола и превенција на болеста соопшти дека точната причина за болеста за сега не е позната, но дека сите случаи вклучуваат е-цигари кои некои од заболените ги користеле и за консумација на различни производи на база на ТХЦ, главната активна состојка на канабисот.
Истражувачите не објавија кои точно производи и состојки се поврзани со овие трагични случаи.
Агенцијата за храна и лекови во Соединетите Американски Држави предупреди на потенцијалните проблеми со е-цигарите откако доби повеќе сериозни пријави за здравствени проблеми кај лицата што ги користат истите.


Официјалните здравствени работници во Канзас апелираат луѓето да престанат да ги користат овие електронски цигари, и посебно да не користат масло на база ТХЦ.
„Ако вие или некој што го сакате го прави ова, ве молиме престанете, апелираше Ли Норман, официјален претставник од здравствените институции во Канзас.
Електронските цигари ги загреваат ампулите кои се полни со течен никотин кој создава испарување. Иако повеќето стручњаци се согласуваат дека електронските цигари не се толку опасни кога вдишувате никотински чад, се уште нема доволно истражување за тоа.
Индустријата за е-цигари тврди дека за респираторните болести се виновни производите од црниот пазар.
Симптомите вклучуваат отежнато дишење, грозница, кашлање и повраќање дополнителни индиции се главоболка, вртоглавица и болка во градите која со тек на време станува неподнослива.
Во 29 испитани случаи со трагични последици (cмpт), просекот на годините беше 45 и најмногу се мажи.
Во Македонија ситуацијата е алармантна
Што се однесува до нашата земја, кај нас ситуацијата е крајно алармантна во врска со цигарите. Половина од нашите граѓани се пушачи. Цигари пали секој трет тинејџер, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје. Според истражувањата тутун користат речиси 50 проценти од населението на возраст од 15 до 64 години и речиси е невозможно да постигнеме до 2025. пушењето да се намали за 30 отсто, што е глобална цел на СЗО.


Со овие бројки Македонија е на самиот врв во Европа во пушењето цигари. Лекарите се категорични дека токму пушачите и до 4 пати повеќе страдаат од срцев или мозочен удар, болести од кои во нашата земја секоја година го губат животот преку 10.000 лица.
Откажувањето од пушењето го преполовува ризикот од рак по 10 години од престанокот, но додека во светот постои тренд да се намалува употребата на тутунот, кај нас ситуацијата веќе со години е повеќе од алармантна.
Загрижува и тоа што кај нас значително мал процент, некаде под 50 отсто, од пушачите сакаат да се откажат од пушењето, за разлика од соседна Србија на пример и во западните земји, каде дури и до 85 отсто од луѓето сакаат да се откажат од оваа штетна и опасна навика.
Не помалку опасни од цигарите се и електронските цигари, бидејќи тие, освен никотинот и другите канцерогени состојки, содржат и други штетни материи како тешки метали, батерии, ароми, бои и друго, кои пушачите ги внесуваат во организмот. А оние кои пушат електронски цигари, при издишување во воздухот испуштаат аеросоли, никотински деривати, тешки метали и друго, утврдило испитување на СЗО – изјави пред неколку месеци проф. д-р Елена Ќосевска, раководителка на Секторот во Институтот за Јавно Здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.