Опасно! Работа во странство?!

Вистината за проституцијата на јахти!
Внимавајте кога барате работа како манекенка и фотомодел надвор од државата, особено ако станува збор за елитни дестинации како Дубаи и сл.!
Девојките кои “работат” на луксузни јахти можат да станат жртви на трговија со луѓе, што во крајот на Мај се докажа со апсењето на грчко-албанската мафија за проституција.
 Како да се заштитате себе си:
 Прво, Регрутирањето на девојки обично се случува зад сцената од страна на непознати модни агенции кои нудат работа во странство. Пред да се одлучите за оваа авантура, на интервјуто за работа отидете со вашите родители. Отворено прашајте го потенцијален работодавец дали работата која ви ја нуди поддржува и проституција. Од неговата реакција ќе бидете во можност да извлечете заклучок.
 Второ, Многу макроа наоѓаат жртви нудејќи им атрактивни и нереално високи хонорари за работа како хостеси во странство. Проверете го работодавачот на интернет, ако неговата компанија нема добри референци на глобалната мрежа, тоа е прв знак дека нешто не е во ред.
 3.Верувајте и на вашата интуиција и ако нешто изгледа сомнително или вознемирувачки, сигурно сте во право дека нешто не штима во приказната на соговорникот.
 4. Ако се сомневате дека може да станете жртва на проституција и трговија со луѓе мора да се јавите на надлежните органи. Подобро е да проверите одколку да жалите кога ќе биде премногу доцна.
 5. Ако прифатите работа во странство, инсистирајте на тоа вашиот пасош и документи секогаш да бидат со вас, а не кај вашиот работодавец. Редовно контактирајте ги семејството и пријателите, нека знаат ако има нешто сомнително.
“Пловечки бордели”
Во светот на проституцијата се појави нов феномен – елитна “jahting проституција”, која е организирана во неколку дена едрење на гламурозна јахти, каде во текот на денот и ноќта се организираат забави и оргии. Клиенти се бизнисмени и милионери, додека нивна придружба се девојки во проституција во висок стил. “Пловечките бордели,” како што се нарекуваат, се повеќе застапени на водите на Индија и на Блискиот Исток, и се исто така присутни во Средоземното Море и Медитеранот, особено на бреговите на Италија, Шпанија, Грција и Албанија. Овој вид на “екстра услуги” може да се најдат и на брегот на Јадранското Море. Девојките за проституција на јахти може да заработат и до неколку илјади евра на ден, во зависност од тоа дали клиентот е задоволен, додека 20 отсто од оваа сума му припаѓа на макрото. Некои девојки се согласуваат да им се плати со подароци, храна, алкохол и дрога за време на патувањето.Вистината за проституцијата на јахти!
Внимавајте кога барате раб

Пронајдете не на следниве мрежи: