Автомобилот „Мини купер“ на пејачката и водителка Сузана Турунџиева било опожарено вчера околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото во сопственост на Р.Ј.Р за кое се тврди дека е на пејачката Ребека Јанковска Ристески. Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.
„На 16.01.2020 околу 03 часот во СВР Скопје пред трговски центар на булевар „8-ми Септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје, велат од МВР.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Од полицијата велат дека е извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Дополнително ќе се утврди кои се причините за пожарот.
Извор: ДОКАЗ