На 05.01.2025 во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на А.С.(31) од с.Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на С.А.(51) од с.Сарај и бил користен како автосервис.
Повредени лица нема, а во пожарот биле опожарени четири патнички возила кои биле во автосервисот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.