Рано утрово, во 02.31 часот, во СВР Охрид било пријавено опожарено возило.
– На 02.04.2024 во 02.31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02.25 часот на ул.„Елпида Караманди” во Струга било опожарено патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(43) од с.Делогожда, струшко. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во соопштението на МВР.