Опозиционите пратеници да ги гласаат предлог – уставните измени

Поранешниот прв човек на Академијата на прославата посветена на годишнината од основањето на МАНУ, кажа дека очекува пратениците од опозицијата, во законодавниот дом да гласаат по сопствено убедување, а не како што рече, по партиски директиви. Одговарајќи на новинарско прашање тој го образложи и амандманот за измена на Уставот посветен на дијаспората.
Предвидените промени според Камбовски, ги отсликуваат европските вредности и светските стандарди, а на тој начин се воведува и принципот на соработка меѓу државите.
Владо Камбовски е инаку еден од академиците, кои минатиот месец организираа научна расправа посветена на договорот од Преспа, за кој како што во таа прилика рекоа, според нив бил најоптималното решение за спорот со името.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.