Опозицијата и даде шест денови на власта да ги исполни нивните барања

Вечерашниот собир „Еден од пет милиони” во Белград заврши со повик до власта да ги исполни барањата на опозицијата во рок од шест денови, во спротивно седмиот ден ќе биде организиран уште поголем протест. На протестот последни говореа лидерите на опозицијата, кои бараат формирање на заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија и Радио Телевизија Војводина.
На протестот, кој мина мирно и без инциденти, според Зоран Живковиќ присуствувале 35.000 лица и е најголем по оној на 5 октомври, додека власта тврди дека имало околу 7.500 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.