Опра Винфри никогаш не ја криела својата борба против килограмите. Славната водителка ги пробала сите можни диети, но секогаш ги враќала симнатите килограми. На крај признала дека се обидувала да ослаби од погрешни причини и затоа не постигнувала успех.
„За да ги намалам килограмите, морав да ја освестам својата намера. Можев да изгубам тежина за да влезам во одреден конфекциски број, за да присуствувам на некој настан или за да им се допаднам на другите. Но не можев да ја одржувам тежината поради истите причини. Килограмите секогаш се враќаа. Обој пат ја сменив мојата намера. Само сакав да бидам здрава. Физички, емоционално и духовно. Тогаш се промени процесот и целта на моето слабеење.
Ми беше полесно, бидејќи имав јасни намери“, признала Опра и открила дека не се откажала од ништо, не се грижи за бројките што ги покажува вагата и само води сметка за порциите.
Благодарение на новиот пристап кон слабеењето, од 2015 година изгубила 20 килограми, но овој пат не доживеала „јојо“ ефект и ја одржила телесната тежина со која е задоволна. Најголема улога во успешното губење килограми има нејзиното разновидно мени, а во продолжение прочитајте што јаде водителката во текот на еден ден.
Појадок: Сендвич со јајце, авокадо, шунка и домат на леб од житарици од цело зрно, чај
Ова е појадокот што речиси секој ден се наоѓа на чинијата на водителката. Наместо кафе, Опра во утринските часови пие чај. Најчесто пие индиски чај збогатен со зачини, како што се цимет, кардамом, карнфилче и ѓумбир, а додава и млеко.