Определен е 30 дена притвор за Владимир Панчевски
Велешкиот суд на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски му одреди триесетдневен притвор. На денешното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во Основиот суд Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Панчевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник.
Ова го објави „Коалицијата за правично судење“. „Главната расправа се одложи поради отсуство на обвинетиот и неговиот бранител. Судот на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“ – информираа од коалицијата.
Информацијата е потврдена извори од велешкиот суд, појаснувајќи дека притворот му е одреден затоа што тој не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.