Определен притвор од 30 дена за Крешник Бектеши

За екс министерот за економија Крешник Бектеши одреден е притвор во времетраење од 30 дена.

Од ОЈО Кочани информираа дека во текот на ноќта донеле Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.

30-дневен притвор е определен и за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тие се осомничени дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: