Опседнатост со избори. Зошто Мицковски не побара и локални на куп?

Ја знаете народната кој за што „момата за поштењето“?
Е така и „нашето раководство“ од „најпоштената“ врхушка на сите времиња. Избори па избори. Да не се повикуваме на „село гори а баба се чешла“ оти на сите ви е јасно дека е целосно така. Додека народот е во бунило, додека крвари нацијата, додека „белата палата“ се криеше името ни го сменија. И нема ниту 24 часа а мералклијата Мицко веќе два пати бара избори. Не му се доста претседателски, па сака и парламентарни. Да си ги напика гавазите во парламент. Да ги награди што го величаат додека 90 проценти од членството му се смее и му е отуѓено.
Токму затоа, бидејќи ќе има само 20 пратеника а има околу 200 клиенти околу него сметаме дека Мицко треба да бара и локални избори. Па останатите КЛИЕНТИ ДА ГИ СТАВИ ЗА СОВЕТНИЦИ. Оти градоначалници не може да добие. И не доби на локалните. Туку ги загуби со историски најлош резултат за партијата од како е оформена.
Па, Мицко охрабри се. До вечер свикај трета прес конференција во последните 24 часа и барај и локални. Како и да е, наредните избори ќе ти се последни како претседател на ДПМНЕ. Само не е јасно дали ти ќе одиш во историја или ќе ја повлечеш и партијата со се тебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.