Науката открива дека гледањето на светот низ „розеви очила“, односно позитивен став кон животот го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за неверојатни 35%.
Студијата покажала дека оптимистите исто така имаа 14% помали шанси да умрат порано, без разлика на причините за истото. Луѓето кои размислуваат позитивно повеќе вежбаат и се хранат здраво, а на тој начин го штитат сопственото здравје, потврдува студијата.
Полесно се носат со стресот и анксиозноста, а кои се главни причинители на кардиоваскуларните заболувања.
Исто така, студијата покажала и дека кај лицата кои живеат во благосостојба, кои се со подобар финансиски статус, драстично е намален факторот на ризик од појава на болести како што се повишен крвен притисок и холестерол.