Оптимистички прогнози од доктор зa повредата на Ѓоковиќ!

Познатиот српски физијатар, Горан Родиќ кој е експерт за повреди како онаа на Новак Ѓоковиќ, тврди дека тенисерот би можел да биде подготвен за Олимписките игри.

Новак Ѓоковиќ не го доигра Ролан Гарос поради повреда на менискус на коленото поради што веднаш му беше направена операција, тој сега е во процес на рехабилитација.

Повредата ги исплаши неговите фанови, неизвесно е кога ќе се врати. Се претпоставува дека сигурно ќе го пропушти Вимблдон, а би требало да биде подготвен за настап на Олимписките игри.

„Јас работам со ултразвучна дијагностика на меки ткива, и за овие 30 години во кои се занимавам со тоа, имам преку 30.000 прегледи од кои барем половина се прегледи на колена. Сѐ и сешто може да се види. Таква повреда на коленото, повреда на менискусот е најчеста. Добра вест е дека во 90 проценти од случаевите не бара хирушка интервенција. Можеби и на Новак повредата не барала операција, но ние кои се занимаваме со прегледи на спортистите, ако е во прашање борба со времето, често советуваме да се направи операција за да се забрза рехабилитацијата. Сето ова му оди во прилог на Ѓоковиќ. Јас претпоставам дека во неговата глава е и Вимблдон. Има примери, како да речеме Немања Гудељ од Севиља кој имаше слична ситуација и тој беше отсутен само 19 дена“, вели докторот Родиќ.

Извор: sport1.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: