Општина Карпош во изминативе денови спроведе есенското зазеленување, во рамки на одбележувањето на 48-годишнината од постоењето на локалната самоуправа. Засадени биле вкупно 340 дрвја, соопштија од општината.
„Во рамки на 48-години од постоењето на локалната самоуправа. Беа насадени вкупно 340 дрвја од сортите црвонолисен јавор, зеленолисен јавор, багрем, јасен, каталпа, фотинија, црвен костен, албиција, келројтерија и ликвидамбар. Локалната самоуправа секоја година ја спроведува оваа еко акција за зазеленување на површините на цел Карпош, и тоа два пати годишно, пролетно и есенско зазеленување“, велат од општина Карпош.