Секторот за инспекциски работи и денес излезе на терен и продолжи со акцијата за отстранување на нелегални објекти на територија на Општина Центар.
Откако инвеститорот, Вандербилт Тенис Клуб ДООЕЛ Скопје, не постапи по решението издадено од Општина Центар за самостојно отстранување на градбата, општината пристапи кон присилно административно извршување.
Со денешната активност е опфатено отстранување на ресторан на улица „Славејко Арсов“ бб, со пропратни објекти – санитарен јазол и шанк со димензии 19,20 м х 9,60 метри и 4,50 м х 5,50 метри, изградени од челична конструкција и греди, објекти во градба за што градителот на поседувал соодветна одобрена документација во согласност со членот 137 став 4 од Законот за градење.
Акцијата за отстранување на дивоградбите продолжува и во наредниот период, со што се опфатени 18 нелегално поставени и изградени објекти.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатуваат апел до инвеститорите и сопствениците на нелегално поставените објекти, согласно издадените решенија сами да постапат и да ги отстранат објектите во законски предвидениот рок. Во спротивно, општината со механизација присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранување ќе паднат на товар на инвестиорите, односно сопствениците на објектите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.