Општина Ѓорче Петров му наплати 380.000 евра отштета на „Трансмет”

Од сметката на компанијата „Трансмет“ во стечај на Сеат Кочан, Општина Ѓорче Петров успеала да наплати 380.000 евра, односно по 4.000 евра за секој ден доцнење на изградбата на новата општинска зграда, изјави актуелниот градоначалник на оваа скопска општина Александар Наумовски гостувајќи во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“.

Наумовски истакна дека веднаш по доаѓањето на власт покренал правни мерки за да ја заштити инвестицијата, но дека и натаму останува проблем со недоизградената зграда, за која требаат околу 400.000 евра за да се заврши.

– Со тоа ја расчистивме општината од долгови за да можеме да функционираме понатаму. До моментот на отворање на стечајната постапка, пеналите за доцнењето, кои се пријавени во стечајната маса е 1.380.000 евра. Таму има донесено несреќна одлука од советниците, за да го заштитат градоначалникот, да може „Трансмет“ да отуѓува и продава простор од деловниот дел на недоградената општинска зграда. Таа одлука на Советот деловните банки ја искористиле да може да даваат кредити. Тие пари „Трансмет“ не ги искористил за доградба на зградата, туку на други места, изјави Наумовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.