Општинскиот инспектор ја запре изградбата на објектот во Ѓорче Петров откако вчера падна ѕид од соседна зграда

По извршен инспекциски надзор, градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров донесе решение за итно прекинување на изградбата на објектот, каде вчера се случи сериозен инцидент, кога работниците при бетонирање го пробиле ѕидот на соседната зграда.

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров изврши вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на предметната локација, односно на местото каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на улица Партизански Одреди бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда. Констатирани се неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е Решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица Партизански Одреди бб – соопштија од Општината.

Оттаму посочија дека инвеститорите се задолжени во рок од пет дена да го вратат во првобидна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба.

Пронајдете не на следниве мрежи: