Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека во првите денови од оваа година добивме важен потсетник дека либералниот светски поредок се урива.
„Изборот на американскиот претседател Доналд Трамп му го зададе последниот удар. Сепак, сè уште се создава нов свет. Доаѓаат потешки, непредвидливи, опасни години“, напиша Виктор Орбан во објава на Фејсбук.
Според неговите зборови, народот на Унгарија ќе мора да избере пат во оваа ситуација во април годинава, кога се очекува земјата да одржи парламентарни избори, објави „Мајар немзет“.
„Еден пат води до ќорсокак во Брисел. Тоа е она што го претставува Тиса. Во замена за потапкање по грбот и имунитет, тие би направиле компромис со Брисел и би ги спровеле сите нивни барања. Тие велат „да“ за војната, финансирањето на Украина, населувањето на мигрантите и родовата пропаганда. Спротивно на тоа, ние им нудиме на Унгарците пат на мир и безбедност“, рече Орбан.
Како што вели, не сака да испраќа млади Унгарци на фронтот и не сака да ја уништи земјата и унгарската економија.
„Имаме план и намера да ја направиме Унгарија победник во историската ера што е пред нас. За да го направиме тоа, пред сè, мора да останеме надвор од војната. За ова, бараме овластување од унгарскиот народ во 2026 година“, заклучи Орбан.
The post Орбан: Доаѓаат потешки, непредвидливи, опасни години appeared first on Во Центар.



