Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија мора да признае дека изгубила и дека не може без руските енергетски ресурси.
„Брисел ја изгуби битката. Тие треба да разберат дека на Европа ѝ се потребни руски суровини. Тие исто така треба да разберат дека ЕУ не е во состојба да ја изолира Русија од глобалната економија“, рече Орбан.
Тој истакна дека Русите во моментов заработуваат многу пари бидејќи можат да ги продаваат своите суровини на сите освен на Европа.
Унгарскиот премиер ја повика Европа „повторно да тргува со Русите“ по мировниот договор во Украина.
Орбан претходно изјави дека Европа нема да преживее без руска нафта, сега кога се заканува глобален недостиг на гориво.
The post Орбан: ЕУ мора да признае дека на Европа ѝ се потребни руски енергетски извори appeared first on Во Центар.



