Орбан: ЕУ не треба да почне преговори со Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел не треба да започне преговори за членство на Киев во ЕУ, со оглед на тоа што Украина не е подготвена за тоа.

(Видео) Петровски до Мицкоски: Ќе имате безрезервна поддршка, вратете го името!
Имате безрезервна поддршка, само вратете го името, му порача Филип Петровски на премиерот Христијан Мицкоски во денешната Сајбер Команда. Петровски ги коментираше изјавите на Мицкоски дека немало каок да се врати името, …
Снег ја затрупа Јужноафриканската Република
Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата. …

„Преговорите за членство на Украина во Европската унија не треба да се започнуваат. Прво затоа што не се подготвени за преговори и второ затоа што ние Европејците не сме подготвени да ги примиме“, рече тој.

Орбан смета дека извештајот на Европската комисија дека Киев исполнил четири од седумте услови за почеток на преговорите е лажен и додаде дека Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот.
Тој исто така посочи дека во случај Украина со своето земјоделство да влезе во ЕУ, ќе ја уништи веќе следниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.