Орбан: ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

Европската Унија (ЕУ) се обидува да го надмине спротивставениот став на Унгарија, со цел да се одобри нова финансиска поддршка за Украина и да ги започне преговорите за членство.

Лидерите на ЕУ денес ќе се сретнат во Брисел на последниот самит годинава.

Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани
Земјотрес со јачина до 3.8 степени според европската сеизмичка скала рано изутринава во 02.02 часот го погоди Скопје. Според Европската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил со епицентар во близина на нас.Илинден на длабочина од 20 километри. …
Серија земјотреси го погодија денеска грчкиот полуостров Халкидики – најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала
Серија земјотреси денеска го погодија полуостровот Халкидики во Грција, од кои најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на тој земјотрес бил на 19 километри од Неа Рода, покажуваат податоците на веб-страницата специјализирана за …

Сепак, прво, продолжуваат напорите да се убеди унгарскиот премиер Виктор Орбан за прашањето во врска со Украина.

Според информациите добиени од извори од ЕУ, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, имаа петстрана средба со Орбан пред самитот.

Во својот извештај за проширувањето објавен на 8 ноември, Комисијата на ЕУ препорача почеток на пристапни преговори со Украина.

Подоцна унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе стави вето на оваа одлука којашто треба едногласно да биде донесена во Советот на ЕУ.

Орбан, кој како оправдување за својата одлука ја наведе сериозната корупција во Украина и немањето резултати од западната поддршка во војната, исто така, се противи и на обезбедувањето 50 милијарди евра помош за Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.