Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго, а на средбата присуствуваа и идниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц и милијардерот Илон Маск.„САД денес. Иднината започна! Попладне во Мар-а-Лаго со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Валц“, објави Орбан на платформата X, без да наведе повеќе детали.
USA today. The future has begun! 🇭🇺🇺🇸An afternoon in Mar-a-Lago with @realDonaldTrump, @elonmusk and @michaelgwaltz. pic.twitter.com/xYs5q8fqGq— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 9, 2024
Орбан и Трамп се сретнаа и во јули и разговараа за „можностите за мир“ во Украина, објави претходно портпаролот на унгарскиот премиер.Транзицискиот тим на Трамп засега не објави ништо за оваа средба.