Орбан: Нема да дозволиме нашите деца да ги носат со вагони на украинскиот фронт

Унгарија не им се продава на Брисел, Вашингтон и Џорџ Сорос, изјави Виктор Орбан за време на мировниот марш на кој се собраа стотици илјади Унгарци во главниот град Будимпешта, пренесува „Унгарија денес“.

„Денес Европа се подготвува за војна – нема сопирачки на возот и машиновозачот полудел. На изборите за Европскиот парламент ќе направиме се да го спречиме тоа. Нема да дозволиме нашите деца да ги носат со вагони на украинскиот фронт“, изјави унгарскиот премиер.

Во врска со претстојните европски избори, Орбан рече дека Унгарците ги испраќаат своите кандидати да го „преземат Брисел“. Мора да победиме на изборите на начин што ќе ги натера бирократите во Брисел со страв да ги отворат вратите и да ги напуштат канцелариите“, истакна лидерот на Фидеш.

Пронајдете не на следниве мрежи: