Орбан: Нѐ очекуваат промени кои не можеме ни да ги замислиме

Целиот свет чека огромни промени и тоа во голема мера ќе биде поврзано со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави за радио „Кошут“ унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Светот е на прагот на многу поголеми промени отколку што можеме да замислиме“, рече Орбан.

Според него, овие промени ќе влијаат на целата западна цивилизација и „ќе се случуваат во долг временски период, во историски размери, од војна до мир“.
„Разговарав со Американци, Руси, Европејци, Турци и можам со сигурност да кажам дека кога новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави ќе ја преземе функцијата, светот ќе доживее огромен пресврт“, нагласи Орбан.

Тој оцени дека штом Трамп се врати во Белата куќа по неговата инаугурација на 20 јануари, „ќе има пресврт на настаните во целиот западен свет, тоа целосно ќе се промени пред нашите очи“.
Претходно, Орбан изјави дека и покрај тоа што мирот никогаш не бил поблиску кога станува збор за руско-украинскиот конфликт, ситуацијата, како што наведе, „никогаш не била толку опасна“ и оцени дека Трамп „ќе донесе мир“.

Пронајдете не на следниве мрежи: