Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, не е „спасител“ на Унгарија, туку дека тој е нивен „брат по оружје“.
Тој додаде дека Доналд Трамп се бори за работи за кои се бори и Унгарија.
„Ние повеќе не сме сами, цела Америка е со нас, целата американска влада“, рече Орбан во интервју за ТВ2.