Орбан: Секој друг извор на нафта и гас освен рускиот е несигурен

Снабдувањето на гас и нафта од Русија е „загарантирано“ за Унгарија, а секој друг извор на енергија е несигурен и поскап, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Ниеден разумен човек не би разменил нешто сигурно за нешто неизвесно“, рече Орбан денес во поткастот „Fight Hour“, како што објави унгарската агенција MTI.

Унгарскиот премиер рече дека испораката на енергија од Русија е „загарантирана“ и дека цената е пониска отколку од другите земји.

„Доколку Унгарија купува нафта и гас од други земји по повисока цена, ќе мора да им наплаќа повеќе на своите жители“ – рече Орбан.

Унгарија, Словачка и Чешка се три европски земји на кои им се дадени ослободувања од европските санкции за увоз на руска нафта.

Пронајдете не на следниве мрежи: