Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека евентуалниот прием на Украина во ЕУ, на кој инсистираат Брисел и опозициската партија Тиса, ќе го загрози развојот на Унгарија.
„Нашата земја се соочува со сериозна закана: влез на Украина во ЕУ. Оваа опасност ни е над глава. Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите пари на Унгарците ќе треба да се потрошат за нашиот источен сосед“, рече Орбан на отворањето на последната делница од автопатот М-44.
Тој посочи дека „не само што нема да стигнат средствата од ЕУ што ни припаѓаат, туку дури и парите од унгарскиот буџет ќе завршат во Киев, па долго време нема да се гради ништо, а камоли пат“, пренесува унгарски Немзет.