Орбан: Тешко е да се замисли дека Русија може да биде поразена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за германското издание Билд изјави дека му е тешко да замисли дека Русија може да биде поразена.

Според него, рускиот претседател има јасна слика за тоа што ќе се случи и како Русија може да победи.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин не може да изгуби ако ги погледнете војниците, техниката и технологијата. Тешко е да се замисли да се победи Русија. Веројатноста Русија навистина да биде поразена не постои“, изјави Орбан во интервју за Билд.

По неодамнешните разговори со Путин и Владимир Зеленски, Орбан рече дека „следните два до три месеци ќе бидат поинтензивни отколку што мислиме“.

„Што ќе се случи на фронтот во следните 2-3 месеци до изборите во САД? Ќе биде многу полошо. Таму има многу оружје, а Русите се одлучни. Енергијата на конфликтот и бројот на жртви ќе да биде уште пострашно отколку што беше во последните седум месеци.

Да потсетиме, премиерот на Унгарија во последните неколку дена ги посети Киев, Москва и Пекинг, а денеска заминува за Вашингтон со надеж дека ќе се обиде да постигне прекин на огнот во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: