Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека животот на поранешниот претседател и кандидат на републиканците на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп е во опасност, откако ФБИ објави дека Трамп бил предмет на „очигледен обид за атентат“ врз неговиот голф клуб во Флорида.
Орбан преку објава на платформата „Х“ изјави дека се моли за Трамп.
„Јасно е дека животот на претседателот Трамп е во опасност, до неговата победа. Се молиме за вас, господине претседателе“, рече Орбан.