Предупредувачки знаци!
Ги усвоивте клучните совети за одржување на здравјето – редовно се рекреирате и пиете доволно течности. Сепак, нешто недостасува. Се чувствувате постојано уморно, имате стомачни проблеми, често имате главоболки и промени во расположението. Проблем може да бидат отровите кои се внесуваат во организмот, најчесто преку паста за заби, дезодоранси, креми, загадена вода, овошје, зеленчук и месо.
Набројуваме неколку симптоми кои укажуваат дека телото е полно со токсини.
Постојано чувство на замор
Да се биде уморен затоа што не сте спиеле доволно или сте работеле напорно во текот на денот е нормално чувство. Но, ако постојано се чувствувате исцрпено, тоа значи дека телото е блокирано од токсините. Затоа, не пијте премногу кафе, бидејќи тоа нема да може да ве направи посилни. Потребна е промена во навиките во исхраната и правилен избор на козметика.
Промени во телесната тежина
Доколку редовно вежбате и сте го ограничиле внесот на калории, но сепак не слабеете, проблемот би можеле да бидат наталожените токсини во телото. Отровите што ги внесуваме во телото влијаат и на хормоните и тоа е причината поради која телесната тежина може нагло да се зголеми или намали. Неопходно е да се детоксира со здрава храна и да се внесува што повеќе чиста вода.
Лош здив
Лошиот здив не е последица само на лошата орална хигиена. Може да укажува на проблеми во дигестивниот систем, а може да биде и знак дека црниот дроб се бори со големо количество отров.
Тешко празнење
Овој симптом на труење на телото може да биде придружен со стомачна болка и главоболка. Поради големото количество на отров, цревата тешко работат, па во нив столицата се суши и стврднува, што доведува до тешко празнење.
Чувствителност на мириси
Ако силно реагирате на некој мирис, тоа значи дека вашето тело ви испраќа сигнал дека е натоварено со хемикалии. Овој симптом често може да биде придружен со главоболка и гадење.
Болка во мускулите
Отровите буквално ги „јадат“ мускулите и зглобовите. Доколку постојано страдате од болки во мускулите, а тие не исчезнуваат дури и кога сте физички активни, треба да размислите со што го труете телото.
Кожни реакции
Појавата на мозолчиња на кожата, особено ако се болни и чешаат, е јасен сигнал дека телото е оптоварено со токсини, како од храната, така и од козметиката.